Партизан и Басконија ќе си ги одмерат силите утре во Белград со почеток од 20 часот и 30 минути во првиот од двата натпревари кои ги очекуваат српскиот и шпанскиот клуб во двојното коло на Евролигата.
Во пресрет натпреварот во пеколната „Штарк“ арена за медиумите говореше искусниот српски стратег на клупата на Басконија, Душко Ивановиќ за кој атмосферата која ја приредуваат навивачите на Партизан е добро позната.
„Мораме да бидеме на врвно ниво во одбраната против Партизан. Тие имаат многу играчи кои можат да постигнат многу поени од „пик енд рол“ ситуациите. Партизан загуби многу натпревари во неизвесни заршници, но пред домашните навивачи добиваат неизвесни натпревари.
Партизан ја има „Арена“ во која навивачите прават нешто посебно. Многу е тешко да играте на таков терен, но и многу убаво. Моите момци мораат да знаат дека таа публика и таа атмосфера направи нешто што може и нас да ни даде сила, да ни биде инспирација. Не можеме да играме како да сме импресионирани или уплашени. Тоа е клучот за победа“, изјави Ивановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

