На дебито за новиот клуб, Виртус Болоња, црногорскиот стратег Душко Ивановиќ за противник го имаше својот доскорешен клуб Басконија и забележа победа во една од најлудите завршници во Евролигата, не само оваа сезона туку во историјата.
На четири секунди пред крајот на средбата италијанскиот тим имаше негатива од три поени, а како херој се јави Вил Клајбурн кој постигна тројка за изедначување при која беше и фаулиран па со реализација на слободното фрлање на својот тим му донесе презначајна гостинска победа.
„Среќен сум, но мора да бидеме јасни. Имавме среќа што славевме вечерва“, започна Ивановиќ. „Една работа која е многу битна за тимот во иднина е вербата и борбата до самиот крај“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА