Српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ се враќа во Премиер-лигата. Фудбалерот кој се прослави во дресот на Челси, а од 2017 година настапува за руски Зенит сега е пред нова можност за враќање на Островот.
„Добив добра понуда од Евертон, и сосема извесно ќе ја прифатам. Премиер-лигата секогаш е предизвик“ – вели Ивановиќ кој и со 36-години нема проблем да се врати во една од најсилните европски лиги.
Претходно во својата кариера има настапи и за Локомотив Москва, како и за српските Срем и ОФК Београд.
Покрај Евертон, интерес за Србинот покажа и Фулам, но лондонскиот клуб ќе може да го осигура неговиот потпис само доколку вечерва го совлада Брентфорд и обезбеди влез во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

