Ивановски до четвртфинале на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во туниски Монастир. Натпреварот кој почна во девет часот наутро, а поради обилните врнежи на дожд во тунискиот град неколку пати беше прекинуван, на крајот заврши со хепи-енд за нашиот тенисер.

Македонецот во осминафиналето беше подобар од Французинот Никола Тепмак со 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Во четвртфиналето Ивановски го очекува подобриот од дуелот меѓу првиот носител Французинот Бертранд и Италијанецот Јанкон.

Се вчитува...