Ивановски доминантно на стартот на фјучрсот во Загреб

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на доминантен начин го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во Загреб.

Во главниот град на Хрватска нашиот тенисер му дозволи само еден гем на Германецот Дин Турнер славејќи со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-1.

Во осминафиналето Ивановски ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Николо Чиварела и Душан Обрадовиќ.

Се вчитува...