Ивановски е победник на „Ноемвриската трка 2023“ во Гевгелија, Бакраќи од Косово најдобра меѓу жените (ФОТО)

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски е победник на трката на 10 километри „Ноемвриска трка 2023“ која денеска се одржа во Гевгелија, а која се бодуваше и за Државното првенство на Македонија на долги патеки.

Ивановски, член на АК Коранерс, патеката од 10 километри ја истрча со време од 30 минути и 16 секунди, пред Урош Гутиќ од АК Борец Бања Лука кој истрча со време од 31:07 минути, а трет беше Мохамед Чабуд со време од 31:12 минути.

На трката на 10 километри во машка конкуренција учествуваат 336 натпреварувачи кои ја завршија трката во Гевгелија.

 

Греса Бакраќи од Косово со време од 34 минути и 54 секунди, пред Адријана Поп Арсова од Делта која патеката ја истрча со време 35:09 минути. Трета заврши Теа Божиновски од АК Охрид Трчат со време од 37:54 минути, пред Билјана Кираџиев и Марина Домазетовска. Во конкуренција на 110 атлетичарки колку што ја завршија трката.

На трката на 5 километри кај мажите победи Муџакед Мислими од АК Ускана со време од 15:04 минути, пред Џилман Јонузи и Димитриос Ардалис од Грција, во конкуренција на 311 натпреварувачи.

Во женска конкуренција на 5 километри победи Анастасија Пејчева со време од 19:23 минути, пред Радица Јованова од „Трилоџи актив тим“ и Тамара Попов од „Атомик“ во конкуренција на 225 натпреварувачки.

Атлетската трка „Novembеr run“ третпат се организира во Гевгелија во организација на АК 7ми Ноември кои на извонреден начин од година на година подигнувајќи го нивото на значење и организација на трката, оваа година со повеќе од 1.100 учесници, потврдуваат дека Македонија добива извонредна атлетска манифестација.

Трката „November Run Gevgelija 2023“ беше организирана според правилата на ИААФ, Атлетската федерација на Македонија и согласно важечките законски прописи.

Се вчитува...