Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Алкалоид денеска во комплетен состав ги продолѓжи подготовките за вториот дел од сезоната, а „сино-белите“ од Автокоманда воедно го претставија и првото засилување во новата календарска година.
Станува збор за Мартин Ивановски, 23-годишен ракометар кој настапува на позицијата среден бек и доаѓа од редовите на вториот тим на Е. Пелистер 2. Ивановски беше еден од најзабележителните ракометари во Првата лига, а тренерот Кире Лазаров очигледно препозна потенцијал во младиот бек и реши да го доведе во Алкалоид.
„Мартин Ивановски (23) e нов ракометар на РК Алкалоид! Ивановски е ракометар кој игра на позицијата среден бек и доаѓа од Првата лига, од редовите на Еурофарм Пелистер 2. Мартин две и пол сезони настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, а претходно беше дел од ГРК Охрид“, објави Алкалоид на официјалната страница на фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

