Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на стартот на новата година. По финалето кое што го одигра минатата недела во тунискиот Монастир, тој оваа седмица настапува на нов фјучрс во истиот град.
Тој како прв носител на 15.000 американски долари вредниот турнир експресно обезбеди пласман во четвртфиналето откако со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-1 славеше над Полјакот, Олаф Пјечковски.
Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има осмиот носител, Французинот Артур Букуле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

