Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните партии на ИТФ фјучрс турнирот во австрискиот Котингбрун.
Нашиот тенисер успеа да се пласира во полуфиналето, откако во четвртфиналниот двобој славеше убедливо со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4 против домашниот тенисер Питер Голдштајнер.
Во полуфиналето Ивановски ќе го има подобриот од последното полуфинале во кое ќе се сретнат, Валентин Вашеро од Монако и и Французинот, Нејтан Сетон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

