Ивановски го однесе Диосѓер во осминафиналето од Купот на Унгарија

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски е еден од најзаслужните за пласманот на Диосѓер во осминафиналето од Купот на Унгарија.

Ивановски беше стрелец во победата на својот тим од 0-3 на гостувањето против Тарпа. Македонскиот офанзивец погоди во 44. минута за водство од 0-2 во тие моменти на гостите.

И репрезентативецот Кире Ристевски вечерва со Ујпешт на дуел против Солноки во обид за пласман во осминафиналето.

Се вчитува...