Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го запиша за себе и десеттиот гол сезонава во дресот на Славен Белупо.
Во 35. коло од хрватскиот шампионат, Славен Белупо загуби со 2-1 на гостувањето против Локомотива Загреб, а Ивановски беше стрелец на единствениот гол за гостите во 50. минута од средбата.
Славен Белупо веќе од поодамна обезбеди опстанок во прволигашкото друштво во Хрватска, сместувајќи се на средината од табелата, далеку и од трката за европски излез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА