Дарио Ивановски не го криеше задоволството по големата победа на Скопскиот маратон, втора за најдобриот македонски атлетичар на оваа масовна спортска манифестација.
Во првата изјава по триумфот Дарио ја посвети победата на сите Македонци, воедно и откри што е првото што ќе го направи откако успешно ја заврши трката.
„Ова е триумф за цела Македонија, за сите Македонци. Поздрав за сите што ме бодреа, но и за останатите што ме критикуваа. Покажав дека можам. Сега одам на добар бургер и на многу слатки. Уживајте сите“, изјави Дарио Ивановски по трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

