Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во второто коло на ИТФ фјучрс турнирот од серијата М25 кој се игра во хрватскиот град Бол.
Македонецот славеше во два сета против Андреа Герери, со 6-0, 6-2, во меч кој траеше само час и девет минути.
Следен противник на Калин Ивановски во Бол ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Переира и Мајер.
Лина Ѓорческа, пак, победи на стартот на турнирот во Куршумлијска Бања, на кој е втора носителка, славејќи против Милана Жабраилова во два сета, со идентични 6-4, 6-4.
Следна ривалка на Ѓорческа во осминафиналето ќе и биде домашната тенисерка Андреа Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

