И дефинитивно утврдени имињата на двајцата македонски претставници на Европското првенство во атлетика кое од 5. до 12. август ќе се одржи во Берлин, Германија.
Македонија на ЕП во Берлин ќе ја претставуваат Дарио Ивановски на 1.500 метри во машка конкуренција, и Дрита Ислами во женска конкуренција, на 400 метри со пречки.
Македонските атлетичари на Европското првенство ќе бидат предводени од тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски како официјално лице и тренер на македонската атлетска двојка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА