Ивановски и Јурајда сопрени во дубл четвртфиналето во Австрија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и неговиот партнер Адам Јурајда беа елиминирани во четвртфиналето од дубл ИТФ-фјучрс турнирот во Котингбрун, Австрија откако загубија од кинеската двојка Шел и Сун со 2-0 по голема битка.

Првиот сет им припадна на Македонецот и Чехот кои славеа со 7-6, за кинескиот двоец да врати со иста мера во вториот сет (7-6), а потоа да го добие и одлучувачкиот трет сет со 10-4.

Македонскиот тенисер турнирот во Австрија го продолжува со натпреварот од четвртфиналето во сингл конкуренцијата каде за противник ќе го има Австриецот Петер Голдштајнер.

Се вчитува...