Утре почнува светското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Токио, Јапонија и ќе трае до 21 септември. На него ќе учествуваат двајца македонски атлетичари.
Станува збор за нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски, кој го држи македонскиот рекорд во маратон, а на СП ќе учествува и Адријана Поп-Арсова Рашиќ, која исто така ќе учествува на маратонската трка во јапонскиот главен град. И Поп-Арсова го држи македонскиот рекорд на маратон во женска конкуренција.
Поп-Арсова ќе настапи прва на 14 септември во недела со почеток во 12:30 часот по македонско време кога ќе се трча женската маратонска трка. Ивановски, пак, ќе трча следниот ден, односно на 15 септември во понеделник исто во 12:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

