Дарио Ивановски во машка и Адријана Поп-Арсова во женска конкуренција триумфираа на 21 километарската трка на шестото издание на „Охрид трчаТ“. Иваноски 21 километарската патека ја мина за 1 час 8 минути и 2 секунди додека Поп-Арсова истрча за 1 час 22 минути и 34 секунди. Во машка конкуренција второто место му припадна на Џастин Фримен (1:13: 13), додека третото на Тирон Мамуша (1:15:17). Кај женските втора финишираше Биљана Кираџиева (1:26:54), а трета Миљана Ристиќ (1:28:20).
Во машка конкуренција на петкилометарската трка победи Кристијан Наумовски со време од 16 минути и 45 секунди, а кај девојките Јана Стефановска со време од 21 минута и 20 секунди.
Мартин Дамески со резултат од 17 минути и 13 секунди е второпласиран, додека трето Наум Танески со резултат 17 минути и 19 секунди. Второпласирана во женска конкуренција на 5 километри е Бојана Наумовска (21:30), додека третопласирана Андријана Богдановска (22:54).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА