Ивановски и Рељиќ знаменосци на Македонија на отворањето на ЛОИ во Париз

На свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз, знаменосци на делегацијата на Македонија ќе бидат маратонецот Дарио Ивановски и таеквондистката Милијана Рељиќ, беше потврдено на денешната пресконференција на Македонскиот олимписки комитет.

Македонската делегација на Олимпијадата во Франција ќе брои шест членови наместо седум бидејќи поради здравствени причини дел од македонската репрезентација нема да биде пливачката Ива Петровска.

Свеченото отварање на Игрите е закажано за во петок, 26. јуни со почеток од 20 часот и 20 минути по македонско време.

Се вчитува...