Најдобрите македонски јуниори до 14 години, Калин Ивановски и Александра Симева од денеска го започнуваат настапот на европскиот Мастерс турнир за тенисер(к)и до 14 години.
Ивановски и Симева се рангирани во Топ 8 тенисери во својата генерација до 14 години во Европа, поради што обезбедија учество на Мастерсот кој до 8. октомври ќе се игра во Реџо Калабрија во Италија.
Во првото коло денеска, Ивановски ќе се соочи со Метју Вилијам Доналд, додека Симева на стартот ја очекува пресметката со Катерина Димитрова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА