Македонските тенисери Калин Ивановски и Александра Симева загубија во првото коло на европскиот Мастерс до 14 години кој се одржува во Реџо Калабрија, Италија.
Ивановски загуби од чешкиот тенисер Метју Вилијам Доналд кој е втор носител на турнирот со 0-2 во сетови (4-6, 1-6).
Симева, пак, која има 13 години, во првото коло играше со Катерина Димитрова од Бугарија и загуби со 1-2 во сетови (0-6, 6-1, 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА