Дарио Ивановски го заврши маратонот во Париз на 69. позиција, и 20 минути послабо од своето најдобро време.
Македонскиот маратонец во изјава за МОК истакна дека после шестиот километар почувствувал болка во стопалото и коленото, и дека потоа трчал со повреда.
„Би сакал да се заблагодарам за поддршката на овој маратон и во подготовките за овие Олимписки игри. Штом ќе се заврши еден маратон, тоа само по себе е успех. Имав мала повреда на стапалото и коленото кои од шестиот километар што не ми дозволи да продолжам со исто темпо како што почнав.
Сепак, го дадов максимумот, сега следува период на рехабилитација и фокус на следните цели. Веројатно сите, па и јас имавме поголеми очекувања, јас уште верувам дека можев подобро. Тоа што истрчав 20 минути послабо време покажува дека нешто ми се случувало, а тренинзите пред оваа трка покажуваа дека сум бил подготвен и за подобар резултат од моето најдобро време. Се надевам дека на следните трки ќе го видите стариот Дарио“, рече Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА