Ивановски ќе игра на главниот турнир на Челинџерот во Сан Марино

Со две победи во квалификациите македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира на „главниот турнир“ на Челинџерот 125 во Сан Марино. Тој денеска во финалето од квалификациите го победи домашниот тенисер Франциско Форти со 2-1 во сетови (67(4) 64 64) за 2 часа и 50 минути игра.

Во првиот сет немаше нити еден брејк, па за водство од 1-0 во сетови решаваше тај брејкот. Форти поведе со 6:1 на поени. Иваноски спаси три сет топки, но противникот го доби сетот со 7:4 и поведе со 1-0. На стартот од вториот сет Калин направи брејк за 1:0, но Форти веднаш врати со ри-брејк за 1:1 во гемови. Сепак подобрата игра Ивановски во сетот му донесе уште еден брејк за 5:4, а потоа и 6:4 во гемвои и 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Ивановски направи брејк во седмиот гем за водство од 4:3, а потоа во деветтиот гем на сервис на ривалот не искористи две меч топки. И во десеттиот гем Калин успеа да го добие гемот за 6:4 и 2-1 во сетови.

На „главниот турнир“ Ивановски ќе има исклучително тежок ривал третиот носител Матео Гиганте од Италија – 137.место на АТП листата.

Се вчитува...