Ивановски: Мечевите Пелистер – Вардар се најголемото дерби во мак-фудбалот

Фудбалерите на Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Вардар во македонското фудбалско „Ел класико“ како дел од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Капитенот Мирко Ивановски добро ја разбира тежината на дуелот со „црвено-црните“, но потсетува дека оваа сезона нивните победи не беа лесно изборени.

„Реално, нашите дуели се најголемото македонско дерби! Пелистер е цврста екипа, покажавме заби на многу тимови, но од Вардар загубивме со примен гол во финишот на прво полувреме од одбиена топка, како и со еден гол од контранапад што тешко може да се реплицира. Очекувам подеднакво тврд меч, екипата има самодоверба по триумфот над Шкендија која во моментов игра најдобар фудбал во ПМФЛ. Како и секој друг дерби натпревар, може да биде решен од една грешка, од изненадување, па затоа наше е да го дадеме максимумот, па со поддршка на публиката да се обидеме ние да бидеме тие што ќе се радуваат по истекот на 90 минути”, изјави Ивановски. 

Се вчитува...