Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски поради повреда го заврши настапот на челинџер турнирот во јапонскиот град Кобе.
Откако одигра два одлични натпревари во квалификациите и се пласираше во главниот ждреб, таму при негатива од 1-6 и 0-4 против Кинезот, Јан Баи тој мораше да го предаде мечот.
Нашиот тенисер имаше успешна 2023 година, а по малиот одмор веќе ќе почне со подготовки за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

