Единствениот македонски преставник Дарио Ивановски не ја заврши трката на 3.000 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Глазгов, Шкотска.
Ивановски кој се појави во првата полуфинална трка, пријавен со време од 8:03 минути, меѓу 17 атлетичари на стартот поради повреда се откажа некаде по првиот истрчан километар.
Желбата на Дарио пред стартот на ЕП во Глазгов беше да го подобри македонскиот и свој личен рекорд поставен на Балканското првенство во Истанбул каде освои сребрен медал во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА