Ивановски не успеа да обезбеди билет за големoто финале на ИТФ фјучерсот во Словенија

Големиот македонски талент, тенисерот Калин Ивановски не успеа да избори пласман во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот во Литија (Словенија).

Ивановски и Брендон Волкин не успеаа да дојдат до посакуваниот резултат во полуфиналната битка со Патрик Рикл и Матеј Вочел. Чешката комбинација славеше со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3 на теренот број три, па во завршниот меч на турнирот ќе се соочат со Томислав Подвински и Ален Рогиќ Хаџалиќ.

Овој фјучерс се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Се вчитува...