Ивановски од Алкалоид замина на позајмица во Србија

Десниот бек на Алкалоид, Михаил Ивановски, доби зелено светло од актуелниот освојувач на Купот на Македонија за следната сезона да ја мине во шампионатот на Србија, како член на Дубочица од Лесковац.

 Станува збор за перспективен ракометар кој ланската сезона од Мулти Есенс му се приклучи на Алкалоид и имаше можност да работи под водство на Кире Лазаров. Сепак, конкуренцијата во тимот на Алкалоид е голема, што беше причина „сино-белите“ да дозволат тој да замине на едногодишна позајмица во клуб каде што би имал поголема минутажа за напредок во кариерата.

Доколку бидат решени административните работи, Иваноски би можел да дебитира веќе утре, во првото коло во кое Дубочича му гостува на Раднички.

Се вчитува...