Ивановски по голема борба до четвртфинале во Загреб

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Загреб.

Тој денеска во осминафиналето по голема борба славеше против Србинот Душан Обрадовиќ со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-1.

Во четвртфиналето Ивановски ќе се сретне со домашниот тенисер Вито Тонејц кој во моментов се наоѓа на 1.155 место на АТП листата.

Се вчитува...