Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер турнирот во францускиот град Троа откако денеска загуби од вториот носител, домашниот играч Калвин Емери со 2-0 во сетови (7-6(6), 6-4) по два часа игра.
Првиот сет мина без брејк, а во осмиот гем при водство на Емери, Ивановски успеа да спаси четири брејк топки. Сетот беше решен во тај брејкот, а при 6-5 во поени на сервис на ривалот Ивановски имаше сет топка. Сепак сетот Емери го доби со 8-6 на поени.
Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3-2, што се покажа како решавачко, притоа во 10-от гем на сервис на Емери се водеше голема борба Ивановски спаси две меч топки, а и не реализираше две брејк-топки за изедначување, но противникот во самата завршница од мечот сервираше одлично.
Ивановски следната недела го очекува настап на Челинџер турнирот во романскиот град Јаши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

