Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во четвртфиналето го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот кој се игра во Куршимлијска бања.
Македонецот на турнирот во Србија во четвртфиналето мораше да му предаде на првиот носител на турнирот Свјатослав Гулин при резултат 1-0 во сетови (6-1) и 3-1 во вториот сет.
И покрај поразот во четвртфиналето Ивановски во понеделник ќе забележи нов скок на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

