Ивановски поразен од првиот носител на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Монастир, Тунис откако во трилер натпревар по три сета загуби од првиот носител Французинот Робин Бертранд со 2-1 по сетови (4-6, 6-4 и 6-7).

Македонецот слабо го отвори мечот и првиот сет го загуби со 4-6. Нашиот тенисер возврати со иста мера во вториот. Во третиот сет Ивановски имаше предност од 2-5, но не успеа да стигне до победа, а искусниот Французин го искористи тоа за конечен триумф во одлучувачкиот тај-брејк.

Се вчитува...