Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да стигне до првиот трофеј сезонава откако во финалето на ИТФ фјучрсот во Монастир Тунис загуби од домашниот тенисер Моез Ечаргул.
На 15.000 долари вредниот турнир тој во финалето беше поразен по пресврт со 1-2 по сетови 6-3, 3-6 и 6-7. Македонскиот тенисер одлично го отвори натпреварот и експресно успеа да поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6-3. Следуваше голем пад кој го искористи искусниот домашен тенисер и успеа да возврати во вториот сет со 3-6 и да израмни на 1-1.
Во третиот сет следуваше голема битка, а победникот беше решен во тај-брејкот каде искуството на Тунижанецот пресуди за конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА