Младиот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во големото финале од Европското првенство за играчи до 14 години.
Откако приреди големо изненадување со одличните игри во претходните рунди, воедно елиминирајќи го и првиот носител на шампионатот, Ивановски денеска немаше сили да го повтори успехот против Мили Полјичак од Хрватска.
Четвртиот носител Полјичак целосно ја оправда фаворитската улога, доминираше во текот на целиот меч и заслужено славеше со убедливи 6-1, 6-1.
Без оглед на денешниот пораз, резултатот на младиот Ивановски е за поздравување, најава за тенисер пред кого е светла иднина доколку продолжи да се развива во посакуваниот ритам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА