Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до првото финале во 2023 година на ИТФ фјучрсот во тунискиот Монастир.
Во полуфиналето на турнирот вреден 15.000 американски долари Гркот, Стефанос Сакеларидис му предаде на нашиот тенисер при негатива од 1-0 во сетови 6-2 и 3-0 во вториот сет за Ивановски.
Македонецот во финалето за противник го очекува подобриот од дуелот меѓу домашниот тенисер и финалист од Скопје опен од минатата сезона Моез Ечаргул и Италијанецот Франческо Форти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

