Ивановски продолжува со победите во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните партии на ИТФ фјучрс турнирите во Монастир, Тунис. По освојувањето на минатонеделниот турнир, тој и новиот го стартуваше и тоа со победа во двојки со неговиот партнер Абделах Шелбај од Јордан, со 6-2, 6-0 против Аргентинците Дадино и Морионес.

Утре тој на турнирот вреден 15.000 американски долари ќе стартува и во поединечна конкуренција, во којашто во првото коло за противник го има Максимус Џонс од Тајланд.

Од утре стартува и Ѓорческа, на турнирот во Преров, во Чешка, кој е со награден фонд од 60.000 долари, а за прв противник ќе ја има руската квалификантка, Вера Лапко која е 299. на светското рангирање.

Се вчитува...