Ивановски промовиран во првиот тим на Еурофарм Пелистер

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер продолжува со составување на костурот на тимот за новата сезона. Битолскиот тим денеска го претстави Филип Ивановски кој минатата сезона беше дел од Пелистер 2.

„Екипата неколку години е заедно, скоро 70% од ланскиот костур е присутен и сезонава, надограден со одредени засилувања кои беа потртебни. Ова е голем клуб и нормално е да има високи амбиции. Целта е да се врати една од домашните титули во Битола. Се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме публиката. Ветувам дека напорно ќе работиме за да дојдеме до таа толку посакувана титула“, изјави Ивановски.

Се вчитува...