Последниот македонски олимпиец на игрите во Париз, Дарио Ивановски утре наутро ќе го има својот настап на маратонската трка низ улиците на главниот град на Франција.
Тој пред трката ели дека цел живот се подготвувал за ова и дека сака утре цела Македонија да ужива со него.
„Целиот мој живот се подготвувам за овој настан. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Може да кажам дека моојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвено за утрешниот маратон. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам најдобра трка. Сакам цела Македонија да ужива со мене на олимписката трка“, изјави Дарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА