Најдобриот македонски млад тенисер Калин Ивановски се пласираше во полфуиналето на најпрестижниот младински тениски турнир „Оринџ бол“ кој се игра во Флорида.
Ивановски во четвртфиналето славеше над Кореецот, Кампана Ли со 2-0 по сетови 7-6 и 6-3.
За потсетување „Оринџ бол“ е најпрестижниот тениски младински турнир. Своевремено тука славеа едни од најголемите тениски имиња, меѓу кои Роџер Федерер, Бјорн Борг, Џон Мекенро, Иван Лендл, Енди Роди, Доминик Тим…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

