Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски постави нов личен рекорд на трката на 1.500 метри на Светското првенство во сала кое во моментов се одржува во Бирмингем, Велика Британија.
Ивановски трчаше во првата квалификациска трка со време од 3:51.83, подобрувајќи го своето најдобро време на оваа дистанца со кое и беше пријавен на шампионатот за 69 стотинки.
Македонскиот атлетичар го освои шестото место во својата група, од осум атлетичари колку што се појавија на стартот.
Дарио Ивановски на крајот, во вкупниот пласман по трите квалификациски трки на 1.500 метри, го освои 17. место од вкупно 22 атлетичари колку што се појавија на стартот во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА