Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, со победа над израелскиот тенисер Бен Веинтрауб го почна походот кон трофејот на ИТФ фјучрсот кој се одржува во Ерусалим, Израел.
Македонецот од домашниот тенисер беше подобар со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3. Во осминафиналето нашиот тенисер го очекува дуел со Ејал Шиовиц. Минатата недела Ивановски триумфираше на турнирот во Ираклион, Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

