Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски стигна до полуфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во хрватскиот град Опатија.
Нашиот најдобар тенисер денеска во четвртфиналниот двобој славеше над чешкиот тенисер и втор носител Зденек Колар со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.
Ивановски во полуфиналето на фјучрсот вреден 15.000 американски долари за противник повотрно ќе има Чех, во името на вториот носител на турнирот Микаел Врбенски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА