Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски игра одлично на силниот челинџер во Романија, каде ги забележа и своите први две победи на овие турнири кои се далеку поквалитетни од фјучрс кампањата.
Тој даде кратко интервју за романските медиуми во кое покрај за својот настап на турнирот во Романија, говореше и за неговите цели во кариерата.
„Сакам да постигнам уште подобри резултати на турнирот, но одиме натпревар по натпревар“Мојот идол е Ѓоковиќ, а моја голема желба е да го освојам Вимблдон“, вели Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

