Ивановски вицешампион на Балканот во полумаратон

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки во историјата, Дарио Ивановски забележа нов одличен настап откако го освои второто место во полумаратон на Балканското првенство во Атина.

Во главниот град на нашиот јужен сосед делницата од 21.097 километри, Ивановски ја истрча за време од 1:05:19 час што беше доволно за сребрен медал на шампионатот на балканскиот полустров.

 

Се вчитува...