Мирко Ивановски влезе во голгетерска серија со тренерската смена во Хајдук, па македонскиот ас втор натпревар по ред се запиша меѓу стрелците за сплитскиот клуб.
Хајдук вечерва гостува во Пула на Истра, а Ивановски во првото полувреме го постигна голот за водство од 0-3, со прекрасен удар од прва сместувајќи ја топката во долниот агол од голот на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

