Ивановски во четвртфинале на фјучрсот во Србија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во српска Куршумлиска Бања.

Македонецот во осминафиналето на турнирот вреден 25.000 американски долари беше подобар од Французинот Тимо Легу со 2-1, по сетови 2-6, 6-1 и 6-0. Откако го изгуби првиот сет со 6-2, Ивановски одигра фуриозно и до крајот му дозволи само еден гејм на противникот.

Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има Либанецот, Хади Хабиб.

Се вчитува...