Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се одржува во Куршумлијска бања.
Македонецот во осминафиналето триумфираше против Ѓорѓе Шапиќ со 2-1 по сетови 6-7, 6-1 и 6-1.
Шапиќ беше подобар од Ивановски во првиот сет во тај-брејк со 7-5, но македонскиот тенисер се разигра во продолжение и ги доби следните два сета со убедливи 6-1.
Ивановски во четвртфинале ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Гулин и Недев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

