Ивановски загуби во два сета во тај-брејк на АТП Челинџерот во Бања Лука

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски одигра израмнет меч но загуби на стартот од АТП Челинџерот во Бања лука кој се игра за вкупен награден фонд од 120.000 долари.

Ивановски беше сосема рамноправен со Французинот Клермон Табур (300. место на АТП листата) но загуби во тај-брејкот во двата сета.

Табур го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6(4), а сосема идентично го доби и вториот сет со 7-6(3) иако Ивановски имаше и брејк-гем во вториот сет.

Се вчитува...