Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре во Битола го пречекува полскиот тим Висла Плоцк во рамки од 10 коло во Лигата на шампионите. Пелистерци имаат досега собрано четири бодови, и ќе се обидат да освојат уште некој, кој ќе им помогне да се пласираат во следната фаза.
Своите очекувања од утрешниот меч ги искажа хрватскиот голман Филип Ивиќ, кој верува дека со помош на публиката, неговиот тим ќе стигне до победата.
„Најважен натпревар за нас. Висла веќе неколку години гради екипа. Јас кога бев Киелце, Висла се развиваше. Јас сум навивач на Киелце, но Висла се труди да стане сериозен тим на европска сцена. На теренот ќе дадеме се од себе да победиме. Верувам дека сме подготвени, со новиот тренер добивме ветер во грб, и мислам дека сме на добар пат да покажеме колку можеме. Најважно е да останеме срце на терен. Четири бода многу ни значат, но мислам дека можевме да имаме повеќе бодови. Но, мораме да признаеме дека можевме да имаме и помалку. Лани немавме бодови, сега имаме, така да мислам дека е направен некој исчекор. Целиот град е со нас, и мислам дека главната цел е да се мине групната фаза. Овој град заслужува тоа“, рече Ивиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА