Поранешниот македонски репрезентативец, Ивица Димчевски е ново засилување на Феникс 2010, потврди скопскиот клуб. 33-годишникот доаѓа во „виолетово-жолтите“ бои по полусезона помината во редовите на Еуро Никел и се очекува да биде од голема помош за тимот на Дервишевиќ во продолжението од сезоната.
Димчевски со себе носи големо искуство претходно настапувајќи за Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица, Кожув и Еуро Никел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

