Ивица Обрван, нов тренер на Загреб

Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван од денеска е нов тренер на РК Загреб, откако раководството на хрватскиот клуб реши да го ангажира токму овој стратег по заминувањето на Владо Шола.

Поранешниот голман Шола пристигна на клупата на Загреб пред неколку месец, но не издржа премногу долго на оваа функција, па реши да си поднесе оставка непосредно по последниот пораз од Алборг во Лигата на Шампионите. Обрван и претходно редовно беше меѓу кандидатите на Загреб, но овојпат ја доби довербата на клупската управа и ќе се врати на клупата на тимот што го водеше од 2010 до 2012 година.

Обрван извесно време беше без ангажман, но сега набрзина најде две работни функции бидејќи неколку дена пред седнувањето на клупата на Загреб ја прифати и понудата да стане селектор на БиХ.

Се вчитува...